Ова е победничко Ѓорче Петров! Ова е местото од каде што ќе започне најголемата победа на ВМРО-ДПМНЕ!, пишува во својата објава на Фејсбук носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 2, Владо Мисајловски.
Во неговиот фејсбук статус стои:
Ѓорчепетровци со овој преубав настан се предвесник на најголемата и најсилната победа на ВМРО-ДПМНЕ во историјата. Македонскиот народ е решен да го одбере патот на просперитетот, успехот, победите и назад враќање нема. Република Македонија ќе биде исправена, горда и достоинствена држава! Држава со која ќе се гордее секој граѓанин.
Огромна благодарност за заложбите, трудот, посветеноста и енергијата на кандидатите за пратеници во ИЕ2 од Ѓорче Петров, Бојан Стојаноски и Наташа Менкиноска. Тие ќе бидат гласот на ѓорчепетровци, мостот помеѓу проблемите и решенијата, луѓето кои што ќе бидат достапни секогаш и за секого.
Најголемо благодарам до сите членови на ВМРО-ДПМНЕ ОК Ѓорче Петров, симпатизерите, поддржувачите, пријателите и сите кои што се приклучија во оваа борба за #ОбноваНаМакедонија.Победата во Ѓорче Петров е неизбежна.
На 15-ти јули токму од тука ќе одекне гласот за убедливата победа!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.