Ние имавме одлична соработка на последните локални избори со Алтернатива. Јас тоа не го кријам, го кажувам мислам дека и минатиот пат тука и ќе го кажувам, но онаа нивна цел дека евроинтеграциите и тој процес веднаш бил потребен, дека само што не бил, Македонија е уморена, народот е веќе разочаран, рече во темна на денот во дневникот на Сител, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
Да ги замолам сите тие политичари да не ги креваат толку многу очекувањата бидејќи на крајот народот пати. Знаете на секој три или шест месеци се креваат очекувањата кај народот дека е завршена работата. Не е завршена работата во Македонија треба на секоја една реформа да се направи нова реформа бидејќи не функционира. Видете што се случува, на граница ви поминува автобус 130 пати без никој да го примети, имаме жртви на секаде во светот, имаме потоп во здравство, имаме енергетска криза, се краде струја за потребите на државата од европските земји, истакна Мисајловски.
Мисајловски ја искоментира и одлуката на Кастриот Реџепи и порача дека тој со сигурност н е поголем европеец од него или некој друг.
Народот добро знае што се случува во општеството, на последните локални избори кажа за кого е, односно најгласно викна дека е за промена во Македонија, народот тоа го бара. И сега видете они сакаат некој спин да направат „нова влада“. Не може вие после пет години да правите нова влада, со истите кадри, со луѓето кои ќе ве контролираат од позади или ДУИ да промовирате дека ќе прави нова влада која цел живот е во институциите во Македонија, истакна Мисајловски.
Тој рече дека не му е јасно како СДСМ ќе функционира ако остане Оливер Спасовски или ако си ги задржат позициите луѓето кои ги водат кабинетите.
Ако не ја сменат реториката, ако не го сменат однесувањето, ако не кажат стоп на криминалот и корупцијата каде што е на секаде, ако не престанат со злоупотреба на судството, ќе гледаме едни исти луѓе кои ќе тонат во кал, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
За новата влада Мисајловски не е оптимист дека ќе издржи барем сто дена.
Ја знам матрицата, го гледам и осносот што го имаа последната година СДСМ кон пратениците, буквално беше живи луѓе сакаат да јадат, така и се однесуваа, но видоа дека со тој однос премногу летнати горе во небото, на крајот народот го гледа тоа и го казни, истакна Мисајловски.
Тој испрати апел до сите функционери да си бидат нормални баш онакви какви што биле пред да ја добијат функцијата, бидејќи ако не е така следува и казна од народот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.