Тргнавме со негативни анкети од сите страни, но со многу труд, работа и посветеност успеавме да победиме во изборната единица 2, рече денеска носителот на листат од ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

Додаде дека со целиот изборен фалсификат, енормниот поткуп од владеачката партија, незаконските асфалтирања во тек на кампања во сите населени места, градење на диво канализации и огромни заплашувања од целата листа на СДСМ на чело со премиерот на државата и сите репресивни органи и институции на власта, сепак успеаја да ги победат

Јас никогаш нема да го прифатам овој резултат затоа што не ја одликува реалноста и сме сведоци на најголемиот фалсификат во историјата.
Но, за мене е важна поддршката од сите граѓани што ни ја дадоа и веруваа во нас и тоа е мојата водилка за борбата секогаш да ја продолжиме.
Благодарност до секој еден комитет и член на ВМРО – ДПМНЕ што беше рамо до рамо со мене, благодарност за секој еден што ни ја отвори вратата и што не прими во дворовите и пред зградите, благодарност за моите сопартијци што беа со мене во најтешкото време и никогаш не потклекнаа на ништо, благодарност за сите граѓани што не поддржаа и затоа имајќи ги овие луѓе до себе, најмногу вреди да продолжиме да се бориме за Македонија и за ВМРО-ДПМНЕ.
Да живее ВМРО-ДПМНЕ!
Да живее Македонија!, порача Мисајловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.