Ние сме Македонци, родени како Македонци и така ќе заминеме од овој свет, тоа никој нема да може да го промени, изјави потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Владо Мисајловски во вечерашното издание на дебатната емисија „Што не е јасно?” на телевизијата „Алфа“.
Мисајловски зборуваше за лошите владини политики во однос на економската и здравствена криза, спорот со Република Бугарија, како и договорите на Зоран Заев и Бојко Борисов. Општо познат факт е дека Зоран Заев веќе неколку години наназад го користи македонскиот народ како топовско месо во договорите со Бугарија.
Нему не му е важно дали Македонија ќе биде победник во спорот со Бугарија, односно дали ќе го сочува она што е нејзино, туку дали Заев ќе направи бизнис зделка со Борисов, вели Мисајловски. Граѓаните на Република Македонија се жртви во преговорите на Заев и Борисов, бидејќи сите видовме како Зоран Заев нудел државни бизниси, само за да добие подрршка од Борисов во процесите. Тоа е директно предавство на својата земја, бидејќи тоа се пари и бизниси кои што произлегле од народот, а не се приватни бизниси на Заеви за да можат да ги распределуваат како сакаат, додаде Мисајловски.
Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ подвлече дека со националниот идентитет не смее да се поигрува, тоа е нешто за кое што никој нема право ниту да разговара ниту да преговара.
Ние сме Македонци, родени како Македонци и така ќе си заминеме од овој свет. Тоа не може да го промени никој на светот, ниту еден договор од било која политичка гарнитура. Тоа треба да му е јасно на Зоран Заев и на сите кои му помагаат во предавството.
Зоран Заев и Бојко Борисов единствено ги интересираат нивните фотељи и бизнисите кои веќе сите знаат дека ги имаат заеднички. Дали една земја вреди да пропадне поради само еден човек и поради одлуки на човек кој нема национално чувство? Не, тоа не смее да се дозволи и ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да се согласи со ставовите на Зоран Заев. Напротив, ќе ги брани македонските ставови, македонските интереси, заврши Мисајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.