Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во изјава при посетата на општина Гази Баба околу написите во весникот „Ла Верита“ поврзани со набавката за вакцини истакна дека тоа е огромен скандал кој што власта пробува да го стави под тепих, обидувајќи се да потпишат договор со фантомски фирми што е предзнак дека сакале да заработат многу пари од вакцините кои населението едваj ги чека.

Ова е скандал! Велеа дека се транспарентна влада, но пробуваат некако под тепих да го стават сето ова, вели Мисајловски.

Тој додава дека во медиумите се појавија многу шпекулации, но власта гледа некако да се извади од сето ова.

Слушнавме едно бедно соопштение или изјава дека не се потрошиле пари за ова. Но тие пробале, тоа е најголемиот проблем тие пробале преку фантом компанија некоја од Хонг Конг или не знам од каде, која што не работи воопшто со фармација, да набават вакцини. Зошто тоа го направиле? Што сакале да постигнат? Има и едно писмо пратено од министерот Венко Филипче до таа компанија дека штетата од вакцините се разбира дека ние ќе ја преземеме како население независно какви се тие вакцини.

Има и друг проблем, вели Мисајловски, а тоа е зошто Кина ги одби.

Јас сакам одговори да слушнам од оваа корумпирана власт што е целта. Еднаш кажав дека кога сакате да земете голема количина вакцини, мора да потпишете договор со компанијата, односно државата мора да потпише договор со компанијата. Зошто пробувале да потпишат некои договори со фантомски фирми и дали е тоа предзнак дека сакале да заработат многу пари од вакцините што населението едвај ги чека. Тоа се прашањата на кои треба да дадат одговори овие од власта но јас ќе им кажам една работа, да внимаваат што кажуваат и да не претеруваат со лажење бидејќи уште многу работи допрва ќе испаднат, истакна Мисајловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.