Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на својот фејсбук профил сподели информација за се поголемото интересирање на медиумите од ЕУ за програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

Медиумите од ЕУ се повеќе се интересираат за програмата на ВМРО – ДПМНЕ и како ќе се справи со проблемите на актуелното македонско секојдневие откако ќе ја состави новата влада во Република Македонија..

Насекаде се чувствува енергијата дека ВМРО – ДПМНЕ убедливо ќе победи и ќе ја предводи обновата на Македонија, напиша Мисајловски, кој неодамна имаше интервју за шпанскиот весник „Гара“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.