Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Владо Мисајловски во статус на Фејсбук потсетува дека изминуваат три и пол години од владеењето на СДСМ и Зоран Заев, а Република Македонија не само што не се развива во ниту една насока, туку стагнира повеќе од било кога.
Пред последните парламентарни избори кои што се случија во 2016 година Зоран Заев и СДСМ ветуваа премногу, дури и нереални работи на кои и самите не можеа да поверуваат.
Иако ВМРО-ДПМНЕ остави одлични проекти кои дел беа започнати, а дел требаше да започнат, СДСМ сепак не покажа кадарност и желба за нивна реализација.
Тоа уште еднаш ја покажува незаинтересираноста и празните флоскули на СДСМ преку кои само сакаа да дојдат до фотеља, за потоа да ги реализираат само сопствените материјални интереси и ништо повеќе, вели Мисајловски.
Според него, сите ветувања и проекти кои стоеа на хартија во нивната програма, испарија.
Таквиот начин на манипулација дрско ја навредува интелегенцијата на народот и искрено ги повредува поради тоа што граѓаните низ целата држава имаат најразлични проблеми и потреби, кои СДСМ и владината гарнитура досега мораа да ги решат.
Зборуваа за нови автопати, локални патишта, железници, воздушен сообраќај и што уште не, но за жал се соочуваме со суровата реалност дека всушност ништо не е ниту започнато, ниту направено.
Тоа е сликата која што сите ние ќе мораме да ја промениме. ВМРО-ДПМНЕ покажа желба, пожртвувана работа и многу труд по ова прашање.
Нормално, не стигнавме насекаде и да ги довршиме предвидените и започнати проекти, иако имавме готови проекти зрели за нивна реализација.СДСМ беше партијата која со малку ангажман можеше да ги заврши сите тие проекти кои се од огромно значење на граѓаните на Република Македонија, но најверојатно нивниот најголем приоритет беа кражбите, рекетирањата, делењето тендери и распродажбата на националните интереси.
Заклучокот од нивното три и пол годишно владеење е дека сведочиме на едно мрачно време, од кое ќе мора што побрзо да излеземе како победници сите заедно, сиот македонски народ, вели Мисајловски.
Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ вели дека доаѓа крајот на оваа мрачна приказна, која за жал е реалност во Република Македонија.
Ваквите луѓе никогаш повеќе нема да ја имаат честа да работат за својот народ, бидејќи не ја заслужуваат.
Ние не сме како нив!
Ќе работиме чесно, посветено и макотрпно за секој еден граѓанин. Во секое село и во секој град.Република Македонија заслужува обнова!, вели Мисајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.