Техничкиот премиер вели купувањето пратеници било небулоза на опозицијата.  Тоа што работата не им е завршена, не значи дека “понуди” до пратеници нема. напиша на фб потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

А впрочем купувањето пратеници некако стана заштитен знак на СДСМ за што говори и минатото искуство.  Од Власт која организираше поткуп и фалсификат избори какви што поминавме, не може да се очекува чесност и принципи.
Што се однесува до формирањето на нова влада и неговото тврдење дека залудно се чекале нови избори, добро е доколку еве толку е уверен дека СДСМ ќе ја формира владата да видиме кој е составот на таа влада, чиво ќе биде премиерското место и чуму толку нервоза доколку работите им одат “подмачкано” или да не биде работата кажана низ призмата на еден од нивните потпретседатели “гладна кокошка просо сонува”, тоа допрва ќе видиме⁉️, напиша Мисајловски.

Техничкиот премиер вели купувањето пратеници било небулоза на опозицијата. Тоа што работата не им е завршена, не значи…

Gepostet von Vlado Misajlovski am Freitag, 31. Juli 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.