Го посетив и основното училиште “Тихомир Милошевски” во населеното место Ново Село, Ѓорче Петров. Заедно со кандидатот за пратеник во ИЕ2 Бојан Стојаноски констатиравме дека обновата е неминовна кога станува збор за ова училиште, објави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ и носител на листата на ВМРО ДПМНЕ во изборната единица број 2.

ВМРО-ДПМНЕ во изборната програма се обврзува на градење нови и реконструкција на веќе постоечки училишта. Образованието е темелот на едно општество и ние мораме да вложуваме во него.Иднината на нашата земја е во младите генерации и наша должност е да им овозможиме високи стандарди на едукација, објави Мисајловски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.