Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски им посака среќа на македонските олимпијци.
-Гордо се вее МАКЕДОНСКОТО знаме на олимпискиот стадион во Токио. Со среќа дечки, напиша Мисајловски на Фејсбук, кој секогаш дава поддршка.
Знаменосец на македонската делегација беше таеквондистот Дејан Георгиевски, крај кого се појави и Арбреша Реџепи, која во последен момент доби зелено светло да биде дел од отворањето откако вчера беше објавено дека била во контакт со лице позитивно на коронавирусот.
Македонската делегација брои осум спортисти, а прв на мегдан утре наутро ќе излезе натпреварувачот во стрелаштво Борјан Бранковски, во квалификациите во дисциплината 10 метри воздушен пиштол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.