Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се трудат со се повеќе проекти да покажат дека заслужуваме да ја водиме државата и во најтешкото, а СДСМ бира нова структура само да ги заштити досегашните функционери и нивниот криминал, вели гостинот во емисијата „Заспиј ако можеш„ на Алфа телевизија, пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се трудат секој ден со се повеќе проекти сакаат да покажат на народот дека заслужуваме да ја водиме државата и во најтешкото, затоа што знаеме како, имаме многу голем кадар и нови луѓе, а од друга страна СДСМ ќе се „испотепаат“ внатре да бираат нов лидер, за да се договорат кој ќе го заштитува Заев, кој ќе ги заштитува еден куп министри од власта кои направиле тон глупости и криминал во земјава, вели Мисајловски.

Мисајловски посочи дека целта е со новата структура која ќе биде во СДСМ да ги заштитат и да ги задржат удобните позиции, а да ги немаат функционерските позиции оние кои се сега во власта, па обидувајќи се да креираат нова „Квазимодо“ влада, но граѓаните увиделе дека оваа власт едноставно не ја бидува.

Мисајловски им порача на партиите со кои власта се договара да не влегуваат таму каде знаат дека ќе биде полошо и ќе и овозможат на власта само да им течат тендерите и да удира по обичниот народ, а удираат и кон новинарите, вели Мисајловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.