Владо Мисајловски, носител на листата на ВМРО ДПМНЕ во изборната единица 2, првиот ден од изборната кампањата го почна со молитва од црквата Св. Петар и Павле во населбата Ѓорче Петров во Скопје.

Притоа тој истакна дека нему и на неговото семејство им се случиле некои неубави работи, потсетувајќи на локалните избори кога беше запалена неговата куќа. Вели, тоа е затоа што сакаа да ме исплашат, да престанам да работам, да одам на терен. Тој порача дека неговото име е Владо Мисајловски, го викаат Кендо и не се откажува.

Да им порачам на сите, јас сум Владо Мисајловски, Кендо ме викаат и не се откажувам. Гордо кренат насекаде, со исправена кичма ќе одам насекаде. Ќе бидам со граѓаните, со народот, тие со нивните криминалци, а јас со граѓаните во секое место, секој двор, на секоја улица. Јас, Владо Мисајловски ќе продолжам со позитивна кампања, јас сум таков. Што е подобро за Македонија, како да ја измениме Македонија. Да престане криминалот и корпцијата, ова што го прави Заев, Оливер Спасовски, Александар Наумоски и оние нарачатели на црни сценарија. Ќе разговарам со граѓаните за она што ги интересира, колку повисоки плати и пензии ќе добијат, колку инфраструктурни проекти ќе има насекаде во Македонија, истакна Мисајловски.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.