Добивме влада-дивоградба! Добивме режим и мафија на власт. Бреме е за улица! Доста е! напиша на неговиот фејсбук профил, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, Владо Мисајловски.Во неговиот пост тој наведува точно 20 точки со неправи за кој вели дека има уште многу.

„Добивме влада – дивоградба

Мафијата продолжи да владее.

Банкротираше банка, а економијата во колапс.

Преку 40 илјади луѓе ги изгубиле работните места.

Криминал и корупција или СДСМ и ДУИ стана едно исто.

Уште во првата недела преку соопштенија и изјави почнаа да ги диктираат судските нарачки и какви обвиненија ќе спремаат.

Јавно обвинителство под целосен диктат на власта.

Земјоделците оставени сами на себе.

Ја поскапеа струјата.

Ја покачија акцизата и горивото.

Се срамат да кажат Македонија или македонско.

Повеќе за нив нема македонска држава туку сега ја нарекуваат нашата татковина.

Нема веќе македонски производи туку сега го нарекоа купувај домашно.

Имавме наместени и украдени избори со невиден поткуп.

Од карантинска земја станавме експериментална земја каде што здравствени и економски мерки се носат само за потреба на поткуп на избори, или за придобивање на политички поени.

Во вонредна состојба си делеа лиценци за марихуана.

Го сменија изборниот закон последниот ден на вонредната состојба без консултација со опозицијата за да добијат повеќе минути за рекламирање.

Невини луѓе ставаат по затвори додека мафијашите се богатат.

Променија име продадоа историја.

Измислуваат неуставно гласање на пратениците од дома затоа што неможат да соберат кворум, па наоѓаат изговор со вирусот, а од друга страна децата ќе можат да одат на настава или работниците во фабриките ќе држат смени.

И уште многу, многу, многу неправди.

Добивме режим и мафија на власт.

Време е за улица !!!

ДОСТА Е !!!!“, напиша Мисајловски на фејсбук.

📌 Добивме влада – дивоградба📌 Мафијата продолжи да владее.📌 Банкротираше банка, а економијата во колапс.📌 Преку 40…

Gepostet von Vlado Misajlovski am Montag, 7. September 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.