Ова е гола реторика која се употребува само пред избори, вака ја оцени идејата на ДУИ за прв премиер Албанец, носителот на листа од втората изборна единица, Владо Мисајловски.
Тој потенцира дека премиерот Албанец треба да се обраќа кон сите етнички заедници, а не само кон Албанците.
Ајде, нели ако градимe држава треба за сите. Ве повикувам во оваа дебата да се обратите и кон Македонците, бидејќи вие велите премиер Албанец, не може да се заборават Македонците и сите останати. Не е ова партиска дебата, реагираше Мисајловски.
Мисајловски додава дека сите треба да размислуваат уште од сега дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде дел од идната Влада и сите разговори треба во таа насока да се водат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.