Доста е, ОСТАВКИ ВЕДНАШ. Дали сте свесни дека СДСМ е нов кластер за пренесување на вирусот?!?!-посочува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во неговиот статус на Фејсбук.
Понатаму тој пишува:
За пусти фотелји и гласови во пик на епидемија ја втурнавте цела држава во опасност, дали сте свесни !?
Цела изборна единица 2 ја поминавте да делите флаери, брашно и компири, без разум дали ќе придонесете да се шири вирусот, настрана отворениот поткуп на избирачите?
Дали за вас е ова новата нормална ненормалност !?!
Дали Спасовски вчера од Куманово со сите кандидати што истрча да бара избори повторно ќе замине во изолација? Црн понеделник во Македонија.
Ви посакувам добро здравје на сите вас и на вашите семејства и ви посакувам да ве води разумот и да го оставите политиканството барем во овие мигови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.