Овие локални избори ќе бидат еден вид на референдум бидејќи со голема победа на ВМРО-ДПМНЕ паѓа СДСМ, паѓа ДУИ, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во вечерашното гостување во Централниот дневник на Македонската телевизија, посочувајќи дека потребно е подготовка на добри програми за локалните избори со кои ќе се решат проблемите на граѓаните.

Но секако ние треба сето тоа да го преточиме во локална програма бидејќи граѓаните очекуваат решавање на нивните проблеми, рече Мисајловски.

Мисајловски коментирајќи ги обвинувањата дека ВМРО-ДПМНЕ постигнала договор за измените за Изборниот законик далеку од очите на јавноста, посочи дека ВМРО-ДПМНЕ била коректна и отворена при носење на ова законско решение, додавајќи дека сите кои говореле и барале една изборна единица на крај побегнале од тоа барање.

Толку бевме отворени и коректни што оставивме и власта да се договори со помалите политички партии за да најдат заеднички јазик и ние ќе го прифатиме, додека едно време сите говореа за една изборна единица сите побегнаа од таа една изборна единица. Така што мислам дека ова е една мала игра помеѓу СДСМ, ДУИ и некои политички партии, посочи Мисајловски.

На прашањето што им дава толкав оптимизам за по победата на локалните избори да бараат и предвремени парламентарни избори, Мисајловски рече дека тоа е опозициското расположение, но и анкетите кои покажуваат голема победа за ВМРО-ДПМНЕ на овие локални избори.

Прво и основно ви кажав, тоа е опозициското расположение, кое што го гледаме на анкетите за ВМРО-ДПМНЕ. Ние во најголемиот дел во Македонија имаме одлични бројки сигурни победи, во другите општини се разбира ќе дадеме се од себе да ги освоиме. Така што ВМРО-ДПМНЕ е пред убедлива победа и затоа велиме секој да ни се приклучи за оваа победа да биде многу поголем, вели потпретседателот Мисајловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.