Свесно ги лажат граѓаните дека одлуката за отварање на границите  не е политичка, односно дека комисијата не дала препорака. Свесно лиферуваат лажни вести со што ја доведуваат јавноста во забалуда за што ќе треба да одговараат, напиша на социјалните мрежи новинарот Ненад Мирчевски.

Спасовски и Караџовски директно помагаат во реализирање на агендата на ДУИ за Албанец премиер за што ќе треба да одговараат. Ваква неодговорност кон општеството и граѓаните по којзнае кој пат ја докажува забеганоста на оваа власт. Оваа власт нема намера ниту да го промени однесувањето ниту да си замине на демократски начин освен ако не бидат нокаутирани на избори.Размислете на 15 јули дали треба да ги игнорирате сите нивни лаги, криминали и предавства или ќе учествувате во демолирањето на најлудачката власт во историјата на Македонија, напиша Мирчевски на социјалните мрежи.

Спасовски: одлуката за отворање на границите не е политичка, донесена е врз основа на препорака на…

Gepostet von Ненад Мирчевски am Donnerstag, 25. Juni 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.