Оние што врескаат на цел глас Зоки да не давал оставка, што мислите зошто се толку испаничени? Се потресоа од неговото заминување, или се уфуфкаа дека се ближи денот кога ќе треба да одговараат за сите криминали и злодела што ги направија?, коментира новинарот и уредник Ненад Мирчевски.
Свесни се какви зулуми правеа во овие пет години, колку семејства зацрнија, какви психички тортури вршеа, колку политички неистомисленици одвлечкаа по затвори, во домашни притвори… се закануваа, уценуваа, рекетираа… Се утепаа од крадење. Ем не се криеја, ем на народот во лице му се смееја. Во кампањава немаше место каде што на најбандитски начин не вршеа поткуп, се закануваа, уценуваа, вршеа притисоци… Без око да им трепне! Демек им се може!, вели Мирчевски.
Епа им се може, и тоа не е од сега, потсетува Мирчевски, прашувајќи – Памтите во изминатите триесет години некој функционер на СДСМ да лежел во затвор за нешто?
Покрај сите криминални приватизации, транзиции, октоподи и што ти не… На еден не му фалело влакно на главата. Освен оној државниот секретар од МО Љупчо Поповски кој не знам дали одлежа повеќе од една година, па беше помилуван од Бранко, и оној Андоновски од Бачило, друг ама баш никој! Дури ни Бучко не одлежа иако имаше правосилна пресуда за бугарските тенковски делови, за да дојде време денес тој да ни го решава спорот со Бугарија.
Ама кога е СДСМ на власт што се случува?
По падот на Љубчо Георгиевски над 200 функционери, членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ завршија по затвори… Како Љубчо куртули тој си знае, ама затоа денес можеме да го видиме како верен коалиционен партнер на Зоќе, пишува тој.
Според Мирчевски – сега е бетер.
Во овие пет години некаде над 300 луѓе се директни политички жртви на мафијашко-удбашките структури на СДСМ. Огромен дел од нив со години се по затвори, притвори, домашни притвори… Со еден куп монтирани случаи кои траат со години континуирано психички малтретираат уште стотици други политички противници. Пет години си нарачуваа кривични пријави, си измислуваа докази, си пишуваа пресуди по нивни ќеф. Еден случај не истераа без контроверзии, без тешки прекршувања на постапките и правото за фер судење на обвинетите. Политичарите од опозицијата што не можеа да ги купат здравјето им го земаа во буквална смисла. 15 патриоти ги осудија како терористи за да издржуваат драконски затворски казни за 27 април! Миле ни самиот мислам дека не знае колку пати беше однесен во Шутка. Гордана лежи во Идризово за мерцедесот во кој се утепаа од возење. Вељановски и Ристовски ги осудија на драконски затворски казни со лажно сведочење… Стевчо го држеа шест месеци во домашен притвор дека бесправно садел цвеќиња!! Да им седнеше во скут како оние осум несреќни пратеници сигурно ќе му дозволеа да насади марихуана по сите паркови низ Карпош, ама тој па реши да им тера инат до крај. А на крај и на јавноста и стана јасно дека еден куп луѓе неправедно се прогонувани и оцрнувани, па сега го вратија и Стевчо во Карпош.
Да не зборам за уште илјадници политички неистомисленици кои се избркани од работа, деградирани, понижувани, малтретирани само затоа што не биле нивни… Нив па никој нит ги спомнува, нит некој жив може да им помогне. Мораат да ќутат и да трпат.
А овие што сега плачат по Зоќе им се ситеа и смееја во лице. Затоа сега јавно плачат (буквално) и се плашат. Се плашат дека може да одговараат. Се плашат дека ќе нема кој да ги брани. Со Зоќе може многу лесно да потоне целата длабока држава инсталирана низ целиот државен систем.
Затоа што новата влада кога и да дојде прво што ќе мора да направи е испорача реформи во правосудството и да донесе правда за сите. Нема друг избор ако сака да ја врати надежта кај граѓаните кои цел живот го поминаа во чекање да се променат работите на подобро. Народот бара одговорност за сите злодела и му е преку глава од партизирани судови и судии. И од сваровски и од кацарски!, порачува Мирчевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.