Новинарот Ненад Мирчевски на Фејсбук го искоментира однесувањето на поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ и нивните барања за смена на лидерот Христијан Мицкоски.

Тој вели дека како  наредба излезе целото „партиско ѓубре“ од времето на Груевски, обвинувајќи го затоа што ја загубил довербата кај гласачите!.

Да не е трагично би било навистина смешно. Дури ни тие самите, сироти, онака, овенати пред камерите, не веруваат во тоа што го зборат. А кој луд би поверувал? Па замислете, колку е малоумно, токму оние кои беа директни виновници за уривањето на рејтингот на ВМРО ДПМНЕ и за симнувањето од власт, (поради нивните афери, сериозни обвинувања за криминал, обвиненија во повеќе предмети од страна на СЈО) да бараат одговорност од Мицкоски затоа што не успеал да ја врати довербата на гласачите? Да се разбереме, разочараноста е поради тоа што ВМРО ДПМНЕ падна од власт затоа што една шака криминалци не сакаа да понесат одговорност за своите грешки. Наместо да поднесат одговорност и да поднесат оставки, тие ја втурнаа цела држава во криза, од која излеговме со променето име, продадени национални интереси, прогон и затвор за патриотите, грабеж на граѓаните од страна на криминалната власт… Разочарани се оние што ги оставија осиромашени и понижени-коментира новинарот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.