Министерството за информачтичко општество и администрација обезбедува дневни дозволи за работа после 21, односно 16 часот за органи на државната власт, кризни штабови, медиуми, погребални претпријатија и пекари/бурекџилници. За приватни фирми, дозволи обезбедуваат работодавачите.
Дозволите се издаваат за:
1. Органите на државната власт треба да достават неделни распореди за вработените за кои се потребни дозволите за движење, како и табела со следните податоци за вработените: име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон, е-mail и причини поради кои е потребна дозволата.
2. Општинските кризни штабови доставуваат податоци преку Заедницата на единици на локални самоуправи (ЗЕЛС) до Министерството за информатичко општество и администрација.
Податоците потребно е да ги достават секој ден-недела најдоцна до 12.00 часот, за наредната работна седмица, на [email protected]
3. Вработени во здравствените организации треба да се достават податоци за сите вработени лица: име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон и е-mail.
4. За медиумските работници и другите вработени во медиуми кои се дел од мобилните екипи на медиумот (фотографи, камермани и останат технички персонал) се потребни следните информации:
– име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон, е-mail и причини поради кои е потребна дозволата.
Дозволите ќе се издаваат на сите медиуми кои се регистрирани во регистарот на ААВМУ (Регистар на печатени медиуми /Регистар на телевизии / Регистар на радија), како и сите онлајн медиуми од Регистарот на Советот за етика во медиумите на Македонија и Здружението на новинари на Македонија (Регистар на професионални онлајн медиуми).
5. За пекарите/бурекџилниците до 5 вработени потребни се следните информации:
– тековна состојба за правното лице, не постара од 6 месеци,
– фотографија од објектот во кој се врши дејноста,
– име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон, е-mail и причини поради кои е потребна дозволата.
6. За погребалните правни лица се потребни следните информации:
– име и презиме, матичен број, мобилен телефон, е-mail и причини поради кои е потребна дозволата.
Табелата што сите горе споменати категории на вработени треба да ја пополнат е во прилог на ова известување и е потребно да се достави до Министерството за информатичко општество и администрација на меил адресата: [email protected]. Оваа информација е потребна за секоја работна седмица поединечно.
Министерството за информатичко општество и администрација не издава дозволи за вработени во приватни фирми и не прима барања во хартиена форма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.