Министре Филипче, јавно ве прашувам…дали терапијата која ја користат приватните болници е навистина подобра шанса за излекување? Ако е, зошто државата под ИТНО не ја воведе или обезбеди бесплатно за сите болни со тешка клиничка слика, а не вака луѓето да молат пари за шанса да живеат. Праќате порака дека само богатите кои можат да платат 10 000 евра приватно ќе живеат, а другите низ вода???

Ако пак таа терапија не е докажно ефикасна излезете и кажете јавно, за да не бидат болните и нивните семејства доцедени во заблуда и да продаваат се што имаат за да се лечат!!!, напиша на Фејсбук новинарката Анита Петровска Рајковиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.