Министерството за здравство ги демантира информациите за наводни нови рестриктивни мерки.
До овој момент, нема никаква одлука за нови рестриктивни мерки, информира Министерството за здравство.
Во соопштението се посочува дека викендов ќе се направи детална анализа на епидемиолошките податоци од прашалниците и врз основа на направената анализа ќе се заземе став дали се потребни мерки и следни чекори кои ќе бидат препорачани до Владата.
Ги замолуваме медиумите да се воздржат од дезинформации. Граѓаните да се информираат исклучиво од релевантните институции, Министерството за здравство и Владата на Република Македонија. По завршувањето на анализата со епидемиолошката состојба, јавноста ќе биде навремено информирана, се нагласува во соопштението на Министерството за здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.