Министерството за правда нема да го кометира мислењето на експертите на Венецијаската комисија за Законот за јазиците сè до неговото усвојување од комисијата кога станува официјално.
Мислењето на експертите на Венецијаска комисија е класифицирано сè до неговото усвојување од Комисијата кога станува официјално. До неговото официјализирање нема да го коментираме, а штом ќе биде усвоено ќе го почнеме процесот на имплементирање на препораките содржани во него, велат за МИА од Министерството за правда.
Според оценките на Венецијанската комисија, како што објави „Плусинфо“, Законот за јазиците ќе го загрози функционирањето на целиот судски систем.
Многу одредби од Законот за јазици (од 2018 година) ги надминуваат европските стандарди дефинирани особено во Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за регионални и малцински јазици. Ова во принцип е за пофалба. Венецијанската комисија ја поздравува подготвеноста на властите на Македонија за подобрување на јазичната состојба на немнозинските заедници, пишува „Плусинфо“.
За владејачката ДУИ, која Законот за јазиците го постави како ултиматум за состав на влада во рамки на Тиранската платформа, законот е добар каков што е.
Од СДСМ, пак, велат непринципиелно е да се коментираат неофицијални мислења на комисијата.
За ВМРО-ДПМНЕ пак, ова е правна шлаканица за власта и бараат политичка одговорност. Во Собранието побараа да се тргнат од дневен ред и формирањето на тело за инспекциски надзор на имплементацијата на Законот за јазиците, се додека тој не се ревидира, но мнозинството го одби предлогот, иако дел од пратениците на СДСМ ја поддржаа опозицијата.
Опозицијата од албанскиот блок пак, смета дека законот е донесен и нема враќање назад. Според Алијансата на Албанците, тој може само да се реши со Устав и да се унапредува.
Ѝ сугерираме на Венецијанската комисија да најде модел на земја од ЕУ каде што 1/3 од населението е различно од мнозинството и истиот модел за употреба на јазикот за нас ќе биде прифатлив, порача пратеничката Арта Точи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.