Министерството за одбрана планира да набави колачи во износ од околу 3,5 милиони денари. На страната на јавни набавки објавен е оглас од каде се гледа дека министерката Радмила Шеќеринска планира да набави индустриски колачи, вафли и кекси.

Огласот е објавен на 26.08.2020 година додека предмет на договорот е „Индустриски колачи, кекси и вафли разни“ додека во делот на проценета вредност стои сумата без ДДВ во висина од 3.437.400,00 денари.

Инаку, владата на СДСМ ветуваше домаќинско однесување со парите на граѓаните и наменско и рационално трошење со оглед на фактот дека Македонија е една од земјите со кревка економија врз која влијанието од корона-кризата може да предизвика огромен негативен импакт врз земјата која и онака направи огромни задолжувања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.