Дали Министерството за одбрана набавило униформи од земја која не е членка на НАТО? Ова прашање на фејсбук го постави Драган Ковачки, кој бара неколку одговори, кои смета дека се од јавен интерес:
Сакам да поставам неколку прашања од јавен интерес, а кои се однесуваат на трошењето народните пари од страна на Министерството за одбрана:
1. Дали Министерството за одбрана набавило униформа од Врање, од фирма на земја која не е НАТО членка, како што се гледа на сликата?
2. Колку народни пари се дадени на странската фирма и доколку се дадени, зошто тие пари не се дадени на некоја наша, македонска фирма што произведува униформи?
3. Како е можно во период на корона криза, стагнација на економијата (веќе и рецесија), масовни отпуштања, народните пари да не се реинвестираат во домашната економија, туку се инвестираат во економија на странска држава? Ова посебно имајќи во предвид дека во Македонија можеби не можеме да произведеме вселенска технологија, но барем униформи можеме да си произведеме нели?
Сакам да поставам неколку прашања од јавен интерес, а кои се однесуваат на трошењето народните пари од страна на…
Posted by Драган Ковачки on Thursday, 10 December 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.