Од денеска Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците предводено од првиот вицепремиер Артан Груби ќе се всели во зградата на Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, познато уште во јавноста како ПУИГ.
Според истражувањето на ПИНА и на Институтот за комуникациски студии, во Министерството со кое раководи првиот вицепремиер Груби, работно ангажирани се само 44 лица, а 1.366 не одат на работа.
Владата минатиот месец донесе одлука да ја купи од ПУИГ за таму да смести служби кои сега плаќаат кирија на приватни сопственици. Парите се обезбедуваат од средствата од пренамената во буџетот за годинава кој инаку е во вкупен износ од 1,3 милијарди денари,а минатата недела беше одобрена од страна на Собранието. Меѓудругото, дел од парите се и за купување на зградата од ПУИГ.
Во новиот објект, кој се наоѓа до Македонскиот народен театар и е дел од проектот „Скопје 2014“, ќе се сместат и Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 процент од граѓаните, потоа Државниот инспекторат за примена на јазиците, Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Дирекцијата за афирмација на културата на припадниците на заедниците, Дирекцијата за развој на образованието на јазиците на припадниците на заедниците и Албанскиот национален ансамбл.
Новата адреса на објектот на министерството за политички систем е на ул. Филип Втори Македонски број 11 (објектот пред влезот од подземната гаража на Македонскиот Народен Театар)“, се вели во соопштението на министерството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.