Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска соопшти дека е поправена техничката грешка со рекламниот банер поставен на македонскиот штанд на саемот за храна и земјоделство „Зелена недела“ во Берлин. Веднаш по реакцијата од страна на МЗШВ до организаторот на саемот, направен е нов рекламен банер кој веќе е поставен на македонскиот штанд.
Според Министерството, првичниот банер беше предлог на компанијата „Кадино“, која дизајнот го има препратено до организаторот на саемот. Притоа, направена е техничка грешка при преводот, за што МЗШВ веднаш реагираше и во најбрз рок се подготви нов рекламен банер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.