Според анализите на епидемилозите, нема потреба од воведување на нови дополнителни рестирктивни мерки, односно истите не би дале резултат со оглед на тоа што се наоѓаме на крајот на активноста, на респираторниот вирус, односно на 6 до 8 недела од третиот бран, сметаат епидемиолозите.
Ова го соопшти Министерството за здравство по денешната утринска координација на министерот за здравство Венко Филипче, со директорите на Ковид-центрите и претседателот на Комисијата за зaразни болести.
Епидемиолозите сметаат дека вирусот има широка инфекција на територија на цела држава, но од друга страна во сите болници во државата има слободни кревети.
Членовите на Комисијата за заразни болести се во секојдневна координација и комуникација и во текот на неделата ќе одржат состанок. Во текот на периодот кој следува останува да се следи ситуацијата и согласно истата доколку е потребно да се дејствува, тоа ќе се направи, велат од МЗ.
Министерот за здравство на утринската координација со директорите на ковид центрите и претседателот на Комисијата за зразни болести разговараа за епидемиолошката состојба во државата, болничките капацитети, состојбата на болните.
Болничките капацитети за прием на ковид пацинети за разлика од ноември се зголемени за 50%, а зголемена е и потребата од хоспитализација на пациенти што бара сериозен пристап и координација која успешно се менаџира.
Стотина кревети дополнително се подготвуваат и во секој момент доколу е потребно може да се стават на располагање за прием на ковид болни.
На состанокот се разговараше и за достапноста на болничката терапија за ковид пациентите кои се хоспитализирани, доставата на терапијата оди тековно и нема застој, велат од МЗ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.