Граѓаните од синоќа збунети побарале одговори во Министерството за здравство во однос на тоа на која страница може да се регистрираат, односно да искажат интерес за претстојната вакцинација против Ковид-19, откако се појави креиран сајт: vaksajns.mk

Од Министерството за здравство за Фактор потенцираат дека станува збор за упад на официјалната страница на министерството и посочуваат дека случајот е пријавен во МВР во Секторот за компјутерски криминал.

Единствената веб страница на која граѓаните преку пополнување на апликација искажуваат интерес за вакцинација против Ковид-19 е www.vakcinacija.mk. Страницата која ја посочувате утринава е пријавена во Министерството за внатрешни работи и не е веб страница зад која стои Министерството за здравство ниту пак Националните систем МојТермин, велат од Министерството за здравство, за Фактор.

Истовремено посочуваат дека добиле пријави уште во текот на вчерашниот ден, односно по завршување на работното време од граѓани кои се обидувале да направат електронско пријавување.

Инаку, Фактор од свои извори дознава дека страницата vaksajns.mk е креирана од лице кое е одличен познавач на компјутерската технологија.

Во меѓувреме, од почетокот на фунционирањето на официјалната страница www.vakcinacija.mk, односно од вчера до денеска се пријавиле повеќе од 20.000 граѓани кои искажуваат интерес за вакцинацијата против Ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.