Министерството за правда не забранува. Министерството за правда има обврска да реагира и да обезбеди мислење со кое правното лице ќе биде запознаено дека треба своите дејства да ги усогласи според Уставот на Република Македонија, реагира Министерството за правда на текстот објавен под наслов „Министерот за правда Маричиќ не го дозволува терминот Македонија во името на невладина организација нефинансирана од државата.“

Напоменуваме дека согласно Уставот не постои можност за употреба на термините „Македонија“, „Република Македонија“, „ПЈР Македонија“, како и привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија“ и досега нелегално користената кратенка „ПЈРМ“ во преведена или непреведени форма кога станува збор за официјална и службена комуникација што вклучува и називи на здруженија кои имаат намера да ги користат меѓународните кодови МК и МКД и кои се декларираат себеси за здруженија кои реализираат активности на територијата на целата држава.

Во случај кога во статутот на едно здружение се наведува дека тоа се организира и делува на територијата на ЦЕЛАТА ДРЖАВА и во странство, одобрувањето на таквото именување е можно исклучиво доколку се користи уставното име на државата. Министерството за правда и сега и сите изминати години постапува по овој принцип и согласно Уставот кога станува збор за барања од овој тип.

Што се однесува до придавката „македонски/а/о“ може да се користи покрај придавната форма (од „Република Македонија“ или од „Македонија“) во однос на приватни ентитети и актери кои не се поврзани со државата и јавните институции, кои не се основани со Закон и не добиваат државната финансиска помош за активности надвор од државата, се вели во реакцијата на Министерството за правда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.