Лани во октомври здружението на граѓани Асоцијативно собрание на народна обнова на Македонија – АСНОМ, Скопје не доби дозвола за регистрација, бидејќи Министерството за правда го оцени како неосновано нивното барање. Лани во ноември, пак, барањето за регистрација на уште едно такво здружение кое во името го содржи терминот Македонија, исто така беше одбиено, пренсува МКД.мк.

Во случајот со здружението АСНОМ Министерството за правда има поинакво образложение зошто негативно било одговорено на барањето за регистрација.

По промената на името, согласно Преспанскиот договор, од Уставот беа избршани одлуките на АСНОМ, а остана само Прогласот на АСНОМ. Со толкувањето на Министерството за правда, сега не се дозволува користење на оваа кратенка во име на здружение на граѓани.

Во образложението се цитираат неколку членови од Законот за трговски друштва: според член 44 став 3 фирмата на трговското друштво е името под кое друштвото работи и под кое што учествува во правниот промет; согласно член 47 став 3 фирмата не може да содржи зборови кои создаваат привид и мешање со фирма на друго друштво, име односно назив на установа или друг субјект; согласно член 52 (2) трговското друштво може да употребува и скратен називна фирмата, која што мора да содржи ознака според која друштвото се разликува од другите трговски друштва, скратена ознака на фирмата на друштвото со седиштето пропишано со овој закон; согласно член 46 (1) зборот Македонија и зборовите изведени од него и неговите кратенки можат да се содржани во името во фирмата само со одобрение од Министерството за правда….

Барателот не ги исполнил условите од овие членови, скратениот назив создава привид со називот Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македнонија (АСНОМ), барањето е одбиено, се вели во одговорот на Министерството за правда.

Целата сторија на МКД.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.