Министерството за правда ги демантира информациите дека набавило кафемат во вредност од над еден милион евра.

Станува збор за грешка на веб-страницата на Бирото за јавни набавки, кое по реакција на Министерството е коригирана, велат од Министерството.

Министерството за правда, појаснуваат, има склучено договор со фирмата „Медикал маркетинг“ ДООЕЛ за годишна набавка на кафе во вредност до 60 илјади денари (без ДДВ).

Кафематот за кој се пишува дека чини над милион евра е добиен од истата фирма на користење без надомест, односно Министерството нема трошоци за него и ќе биде вратен по истекот на договорот. Вредноста не мора да биде искористена во целост доколку вредноста на доставеното кафе е помала од истата, односно колку ќе се потроши толку ќе се плати за една година, при тоа да не се надмине износот од договорот, посочуваат од Министерството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.