На настан за состојбите за животната средина министерот Насер Нуредини ги избегна новинарските прашања за аерозагадувањето бидејќи биле надвор од темата.

Правдајќи се дека нема време пред настанот да започне, Нуредини само накусо рече дека се подготвувале повеќе стратегии. Tој на настанот и на поставените прашања говореше на англиски јазик.

„Подготвуваме долгорочна стратегија и фокусот е на гасификацијата, тоа е нешто на кое долгорочно ќе работиме. За краткорочните стратегии, мора да преземеме се што е во наша надлежност да спречиме она што директно влијае на аерозагадувањето, како што се пожарите, подобрување на инспекциите, ќе контролираме се подобро, ќе ги надгледуваме фабриките со А и Б интегрираните дозволи“, вели Нуредини.

Нуредини не ги удостои новинарите со конкретни одговори ниту за време на настанот кога агендата предвиде прашања од присутните. Министерот не знаеше да каже колку казни досега иречиле инспекторите за несовесните загадувачи. Рече дека ќе ги чека извештаите од инспекторатите.

Неговиот претходник, Садула Дураки изјави дека тој не се бави со граѓаните, откако новинарите го прашаа за најавите за тужба против Владата за непреземање мерки против аерозагадувањето и загрозувањето на животот, што граѓани, здруженија и организации најавија дека ќе ја поднесат против државата пред домашните, но и пред меѓународните судови.

Тогашниот министерот  Дураки, за екипата на ТВ Сител одговори: „Јас не се бавам со граѓаните”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.