Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека тој би се вакцинирал и со „Астра Зенека“ и тврди дека во земјава ќе бидат увезени безбедни вакцини.
За вакцината на „АстраЗенека“ многу земји изразија резерви, а некои и ја прекинаа имунизиацијата.
Во однос на вакцините на Астра Зенека како и за другите вакцини можам да кажам дека досегашните испитувања укажуваат дека сите вакцини се безбедни, но наш експерстски тим ги следи дневно сите информации, научни публикации, како и ставовите и препораките на СЗО и на Европската агенција за лекови ЕМА. Утре ке заседава и Комитет за безбедност на ЕМА која ќе ги анализира сите вакцини и ние ќе излвечеме поуки. Наши експерти ги следат сите информации, а ќе се раководиме од официјални информации на ЕМА и на други агенции. Едно можам да кажам со сигурност дека кај нас сите вакцини ќе бидат безбедни. Нашите последни информцаииции се дека Фајзер го подигна нивото на внимателност, истото се однесува и на Системот за солидарност од каде ќе се бараат построги критериуми за безбедност. Денеска ќе добиемее документ што се бара од нас и потоа ќе известиме. Овие мерки за безбедност во однос на вакцините ќе важат во сите земји и се чекаат деталите, изјави Филипче како одговор на прашањето зошто од компанијата на фајзер-вакцините бараат од нас дополнителни документи и гаранции и дали ќе се согласиме на увоз на вакцините на АстраЗенека.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.