Министерот за образование, Арбер Адеми, објави дека е позитивен на Ковид-19.

Драги пријатели, роднини и соработници, Ве известувам дека по неколку благи симптоми вчера и сомневања дека можеби сум заразен со СОVID-19, го направив тестот и за жал резултирав позитивен!

Апелирам до сите вас да ги почитувате максимално протоколите заради вашето здравје и здравјето на вашите најблиски.

Ви посакувам се најдобро на вас и вашите семејства!, напиша Адеми на фејсбук.

Вчера министерот за економија во македонската Влада, Крешник Бектеши, информира дека е позитивен на коронавирус.

Të dashur miq, familjarë dhe bashkëpuntorë,

Ju njoftoj se pas disa simptomave të lehta mbrëmë dhe dyshimeve se…

Posted by Arbër Ademi on Thursday, 23 July 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.