Ако падне Венко, паѓаме сите. А за да н паднеме, ќе го вивнеме Венко во таваните. Со посебен пиетет вечерва СДСМ ја сподели информацијата дека потпретседателот на партијата Венко Филипче се сретнал со охриѓанки и охриѓани. Текстот наликува како да излегол од перото на Лиде Лиде, но изгледа Лиде не е единствена. На Венко се подмочува цела една владејачка партија.

Охрид е мултикултурен и мултинационален град и како таков живее во синергија и меѓупочит. Затоа граѓаните на Охрид не заслужуваат ништо помалку од просперитетни и квалитетни решенија кои ќе ги задоволат барањата на секој еден.
Пораката за корекција е примена и подаваме рака за уште четири години заедничко водење на општината. Да ја пресликаме успешната соработка од централно и на локално ниво. Единствената опција за светла иднина на градот се политиките кои заеднички ги креираме.

Граѓаните најмногу ги чувствуваат резултатите од функционирањето на оперативните општини. И Охрид е една од нив. Затоа, в недела, да се обединиме, да го заокружиме бројот 12 и да го поддржиме Коста, во името на сите добри намери и бројни можности кои ветуваат прогрес, напредок и подобар живот за сите.

А Венко? Тој се однесува сомнително. Како што неофицијално објави вчера порталот Охрид24, сношти во 18:30 часот во штабот на ДУИ во Охрид Филипче се сретнал со Нефи Усеини, па потоа требало да одат по куќи на терен во Воска и Кошишта.

Вечерва, пак, Усеини бил кај Филипче во штаб. За него во Охрид се зборува дека е градоначалник во сенка, кој на овие избори повторно ја предводи советничката листа на ДУИ во Охрид.
Контроверзиниот бизнисмен Усеини беше советник и во претходниот состав на Советот, но си поднесе оставка во ноември 2020 година.

Неговото име на охридската јавност ѝ е познато од поодамна, но на пошироката јавност и стана познато по дивоградбата кај Чинарот и бетонската база, но и по нападот врз колегата советник Џемал Мена, универзитетскиот професор Илјаз Илјази и охриѓанецот Спирко Топал.
Ете, со такви се дружи министерот за здравство, и да не заборавиме, потпретседател на владејачката партија во заминување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.