На вчерашната седница на општинскиот одбор на ЛДП-Битола, членовите на партијата акламативно го предложија претседателот Горан Милевски да биде кандидат на Движењето „Одлучно за промени“ за градоначалник на Битола.

Општинскиот одбор очекува Горан Милевски да ја прифати кандидатурата, која е барање не само на членовите, туку и на граѓани и на бројни поддржувачи на актуелната власт кои сакаат во оваа трка за градоначалник да се вклучи и тој, велат од партијата.

На седницата усвоена беше и листата на советници на Движењето „Одлучно за промени“ , која на овие избори ќе ја предводи Валентин Груевски, досегашен претседател на Советот на Општина Битола.

На листата се наоѓаат истакнати членови на ЛДП и ДОМ, како и бројни јавни личности од граѓанскиот сектор, културата, спортот. Листата ќе го отсликува и мултиетничкиот карактер на Битола, стои во соопштението на ЛДП Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.