Од максимални четири поени, Македонија доби два, за борбата со корупцијата во извештајот “Слободата во светот 2021” на Фридом Хаус. Што значи дека Македонија е делумно слободна земја. Ова е веќе трет извештај по тој на Транспаренси и Економист, во кој корупцијата се детектира како најголем проблем на оваа старо-нова Влада. Двојката е затоа што во Македонија широко е распрoстранета неказнивоста на корумпирани владини службеници, а корупцијата во судството царува. Овој најнов извештај е уште една потврда дека министерот не се справува со криминалот и корупцијата туку ги штити.
Што треба да се случи, уште колку ли извештаи треба Македонија да добие за Николовски да си поднесе оставка? Помина пола година, а Николовски не мрдна со прст за расчистување на ниту еден случај.
Според ВМРО-ДПМНЕ, наместо Николовски да води суштинска борба против корупцијата и криминалот, граѓаните се сведоци на замачкување на очи. Ниту еден функционер од оваа најкриминална власт не е предмет на истрага.
Македонија е рекордер во Европа по криминал и корупција. Наместо справување со криминалот, Николовски се посвети на вработување на цела негова фамилија во државни институции Секојдневните ПР настани на Николовски не спречија Македонија да биде на 111 место на извештајот на „Транспаренси Интернешнл“, ниту пак спречија реномираниот Економист, Македонија да ја рангира како хибриден режим. Афера „Рекет 1“, афера „Рекет 2“, афера „Леонардо“, афера за злоупотреба на европски пари за тренинг на магариња, афера Ден Дончев и уште десетици други афери се потврда за Извештаите на „Транспаренси“ и „Економист“, кој Николовски не сака да ги види, велат од партијата.
Претседателката на Транспаренси интернешнал Македонија, Слаѓана Тасева вели дека треба да се има политичка волја. Исто така таа истакна дека будно ќе го следи спроведувањето на акцискиот план, особено во делот за вработувањата во јавниот сектор.
Ова е горлива тема и тоа треба пошироко да се одработи, вклучително на вработувањата по договор, назначувањата во управни одбори, формирање на комисии, формирањето на определени комисии, вработувањата во јавните претпријатија и регулаторните теми, Значи сето тоа се уште се прави на начин кој не обезбедува компетенција, натпревар и се прави нетранспаретното и нема јасни критериуми. Значи се тоа не може да се надмине само со еден закон, но затоа постои другиот план мерки кои треба да се преземат и кои треба да ги спроведуваат владата и министерствата – вели Тасева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.