Министерот за здравство Венко Филипче денеска го разреши економскиот директор на Гинекологија Ваљон Беља, кој вчера во пост на Фејсбук вчера ја обвини својата колешка Викторија Јовановска, директорка на Гинекологија за незаконски јавни набавки. Беља ја обвини Јовановска дека фаворизирала компанија која врши лабораторски тестови и се закани дека за случајот ќе го информира Јавното обвинителство.

Јовановска денеска најави дека ќе поднесе кривична пријава за клевета и навреда за, како што рече, изнесените невистини и откри дека во позадината на случајот стои барање од Беља да ангажира негови луѓе од Општината Чаир.

Tој од мене бараше на двајцата негови советници, кои се на платен список во Oпштина Чаир, а кај нас на Kлиниката се веќе шест месеци ангажирани со договор на дело, да им ги продолжам договорите, а во спротивно ќе пуштал „бомби“ – вели директорката Јовановска.

Беше најавено дека попладнево Филипче ќе ги сослуша двете страни – директорката на Гинекологија Јовановска и разрешениот Беља.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.