Дејствијата може да се далеку зад вас кои сте во политичките кругови и се ви е од политички интерес. Прашајте ги семејствата на загинатите и исчезнатите, на оние кои не можат да отидат до Карпалак и Вејце да запалат свеќа. Оние кои носат трауми од војната, кои денар ме добија за одбрана на државата. Некако само вие од едната страна правите отстапки, додека другите во ниту една прилика не повикале на соживот, ниту пак дејствувале во таа насока – ова е само еден од коментарите на револтираните граѓани под објаснувањето на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска за нејзината фотографија пред симболите на УЧК.
Откако се крена врева за нејзината фотографија со градоначалникот на Кичево, на која има симбол на УЧК и знаме на Република Албанија, но не и знаме на Репубика Македонија, таа образложи:
Дејствијата од 2001 се далеку зад нас. Нашето општество ја надмина воената криза на демократски и траен начин, за што сведочиме денес, 19 години подоцна, кога сме членка на НАТО.
Во 2020 година најважно е дали политичарите им служат на граѓаните. Иконографиите не се репер за добро управување, служењето на граѓаните е репер.
Но нејзиното образложение само повеќе ги изреволтира граѓаните, особено оние од Тетово, како и семејствата кои загубиле свој близок во воениот конфликт во 2001 година. Тие прашуваат дали да загинеше некој нејзин близок ќе сметаше дека 2001 годинае далеку.
Ве цитирам “Дејствијата од 2001 се далеку зад нас”. Ако е така, Зошто се сликаш со симболите на УЧК??? Зошто ги будиш негативните емоции и кај Македонците и кај Албанците??? Која држва ја преставуваш ти, каде се симболите на Македонија зад тебе кога правиш средби во име на државата??? -пишува во коментар под образлоението на Шеќеринска.
Понатаму стои:
Немате срам госпоѓо? Вие ако служевте на граѓаните, немаше скоро цела младина да е надвор од Македонија. Дејствијата од 2001 се зад нас, ама постојат луѓе кои изгубиле многу во таа 2001, а очигледно вие не сте една од нив.
Со вакви потези ги разочарувате дури и оние кои слепо ви верува. Срамота!!
Друг коментар гласи:
Џабе џавкаш и глумиш дека си била у подрум, ова ти е исто ко министерот за одбрана на Израел да фати да се фотографира со кукаст крст и пред слика од третиот рајх !!!
Еден коментар од лично засегнат граѓанин вели:
Далеку е за тие што беа по плажите во 2001година за нас кои изгубивме родители ќе биде секогаш многу блиску!!!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.