Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска ја прими вакцината против Ковид-19. Таа во изјава за медиумите посочи дека граѓанска должност е сите да пристапиме кон процесот на вакцинација, за што побрзо да излеземе од пандемијата и се вратиме на нашите секојдневни обврски.

Штотуку ја примив првата вакцина против Ковид-19. Доколку голем број на граѓани, доколку сите ние се вакцинираме, тогаш и колективниот имунитет ќе биде поголем, изјави Шахпаска.

Таа посочи дека сите вакцини се проверени и квалитетни, и ги повика граѓаните да се вакцинираат.

Многу е значајно за што поскоро да излеземе од пандемијата со Ковид-19 и да се вратиме на нашите секојдневни обврски, да продолжат нашите животи со еден нормален тек, со едно нормално секојдневие кое што беше типично пред почетокот од пандемијата, рече министерката.

Таа очекува до почетокот на лето да бидат вакцинирани повеќе граѓани, и да стекнеме колективен имунитет.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.