Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи денеска го посети многудетното семејството Комненови во Кучевиште.

Ние како Министерство за труд и јас како министер се грижиме за ова многудетно семејство, кои живеат во лоши услови. Среќна сум кога ќе видам семејство што има многу деца, кога ќе видам исполнета куќа со џагор, смеа и среќа. Децата се наше најголемото богатство и сите ние како индивидуи треба да се грижиме за нив. Во соработка со претставници од МТСП му помогнавме да направи барање за еднократна парична помош во износ од 30.000 денари и дополнително го информиравме за можноста да семејството добие детски додаток и додаток за образование, изјави при посетата министерката за Мизрахи.

Семејството изразило голема благодарност за помошта што ја доделела министерка во соработка со Црвен Крст, како и за помошта за средствата кои тие можат да ги добијат како семејство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.