Министерката за правда Рената Дескоска смета дека заедно со претседателските треба да се одржат и предвремени парламентарни избори.
Таа е прв владин функционер што отворено се залага за ваква опција по барањето што го упати ВМРО-ДПМНЕ.
Кои се нејзините аргументи за предвремени парламентарни избори ќе слушнете во интервјуто за емисијата „360 Степени“ што ќе се емитува вечерва (18.1.2019 г.) од 22:00 часот на ТВ Алсат.
“Во него Дескоска одговара и на прашања за законот за јазици, уставноста на објавувањето на законот без потпис од шефот на државата, зачестените бегства од правдата на осуедени и обвинети лица, може ли СЈО да ги загуби „бомбите“, колку ќе биде ефикасна новата антикорупциска комисија…”, стои во најавата на “360 степени”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.