Лидерите на ДУИ и на СДСМ Али Ахмети и Димитар Ковачевски сепак ќе менуваат ресори. Како што објави ТВ24, ресорот образование ќе го добие кадар на ДУИ, а нов министер ќе биде актуелниот прв човек на Министерството за информатичко општество и администрација – Јетон Шаќири, кој претходно се најавуваше како министер за земјоделство.

Министерството за земјоделство, пак, се враќа кај СДСМ, и не се исклучува актуелниот заменик Трајан Димковски да биде нов министер.

Менувањето на ресори доаѓа откако Алтернатива го доби Министерството за информатичко општество, а од СДСМ најавија дека Мила Царовска нема да се најде во новата Влада, по што и таа кажа дека не се гледа во неа.

Според дел од високи партиски функционери на СДСМ, рокадата на ресори ја гледаат и како можност за спласнување на негативната енергија во јавноста која што беше предизвикана од актуелната министерка во заминување. Освен Царовска, извесно е дека во новата Влада нема да се најдат ниту Радмила Шекеринска, како и Венко Филипче.

Новиот лидер на СДСМ, ги прави контурите на новиот кабинет. Според неофицијалните информации, се уште нема пресечено за некои ресори, меѓу кои МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.