Согласно податоците на Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се регистрирани нови 554 случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 187.622. Во истиот период се регистрирани и 17 починати лица, со што бројот на жртви од епидемијата се искачи на 6.489 луѓе. Бројот на активни случаи изнесува 12.433.

Во периодот од 13 до 19 септември годинава тестирани се вкупно 28.972 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на САРС-КоВ-2, а регистрирани сe 3.340 нови позитивни случаи од 32 градa во државата.

Процентот на позитивност се движи од 7,8 до 14,3 проценти, просечно 11,4 отсто. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.669; 50,0%), a највисока инциденца е регистрирана во Кавадарци – 280,8/100.000.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица
на возраст над 60 години (n=979, 29,3%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (n=143; 4,3%).

Во однос на претходната недела, се забележува намалување на заболените лица кај сите возрасни групи, освен кај возрасните групи од 0-9 каде што има зголемување за 50,5 посто и кај возрасната група од 10-19 каде што има зголемување за 8,2 проценти – се наведува во извештајот на ИЈЗ.

Според податоците на министерството за здравство, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 774.422 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.955 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.062 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.465.229 дози вакцини, а ревакцинирани се 690.806 граѓани.

Со последните бројки, 55 отсто од населението над 40 години имаат примено една доза вакцина и 31 отсто од населението над 18 до 39 години е вакцинирано со една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.