Инспекторите од Пазарниот инспекторат затвориле еден објект во Куманово поради непочитување на протоколот за работа и поднеле две кривични пријави за угостителски објекти во Струга и Прилеп во периодот од 2 до 8 овој месец.
Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска информира дека во овој временски период се направени вкупно 5.503 контроли од кои Пазарниот инспекторат има направено 3.743 контроли и 614 надзори.
Здравствниот и санитарен инспекторат спровел 67 Мнадзори и издал шест решенија поради констатирани неправилности. Здраствените инспектори во овој период издале и 11.523 решенија за самоизолација и домашно лекување на лица позитивни на вирусот и лица кои биле во контакт со заболено лице.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.