ИЈЗ го објави неделниот извештај за состојбата со коронавирусот со кој може да се забележи намалување на бројот на позитивни случаи, но и намалување на бројот на тестирани.

Според ИЈЗ во периодот од 14 до 20 декември направени се 15.607 тестови, а има намалување од 1,6% спрема претходната недела.

Во извештајот стои дека се регистрирани нови 4.585 позитивни случаи од 35 градови во Македонија со намалување од 16,9% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи и натаму се од Скопје (n=1.960; 42,7%), со неделна инциденца – 221,6/100.000.

Во периодот на известување процентот на позитивни од тестирани случаи на САРС-КоВ-2 изнесува 29,3% намалување од 5,5%  во однос на минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.343, 29,3%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=885; 19,3%), 30-39 (n=810; 17,7%), 40-49 (n=801; 17,5%) и 20-29 (n=509; 11,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=59; 1,3%) и 10-19 години (n=178; 3,9%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на САРС-КоВ-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 4.513 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 15,1% помалку во споредба со минатата недела.

Пријавени се 159 смртни случаи од 25 града, со намалување од 8,6% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 131 лице биле над 60 години, 17 лица на возраст од 50-59 години, 8 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и три случаи од возрасната група од 30-39 години.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 14 до 20.12.2020 г. како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.