Минатата година починале вкупно 25.775 граѓани, што е зголемување за дури 26% споредено со 2019 година, се наведува во извештај на Државниот завод за статистика.

Поголем број се од машки пол, и тоа 13 914 или 54.0 % од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 108. Според месецот на смртта, најголем број случаи се во месец ноември (3.847) – се наведува во извештајот.

Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.6 години, односно 75.3 години кај лицата од женски пол.

Како и во минатите години, најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем и тоа во 41.6 % случаи од вкупно умрените, неоплазмите со 15.2 %, потоа следат умрените лица како последица од пандемијата на КОВИД-19 со 10.9 %, со 5.8 % се застапени случаите кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем, додека умрените кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести се застапени со 5.3 % од вкупно умрените, а со 3.7 % се умрените лица кај кои причина за смрт се болестите на нервниот систем и следат останатите, но со помала застапеност – се наведува во извештајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.