Баба Перса од Ѓорче, го цени Економист, колку што вие го потценувате. Македонија е во друштво со Боцвана, Алжир со Босна и со Сенегал, а сака да ја добие поддршката од Словенија, Данска, Италија, Франција и Холандија. Падот е голем затоа што тој хибриден режим има свое име и презиме, имињата се Зоран Заев, Курто Дудуш, Боро Малборо тоа е хибридниот режим – рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на денешното продолжување на расправата во собранието за законот за Совет на јавни обвинители.
Ова е хибриден режим и како таков има свое име и презиме – додаде Милошоски.
Тој истакна дека без Вице Заев нема тендер во државата, а тоа е доказ плус за хибридниот режим.
Ако веќе Економист ви е мал репер, прочитајте ја листата на Транспаренси. Македонија има пад и на оваа листа, која што не е направена ни во Скопје, ни во Струмица и е во друштво на Малави, Украина, со Сенегал и со Фиџи – посочи Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.