Во текот на изборната кампања никој друг, туку господинот Зоран Заев и господинот претседател на Беса, Биљал Касами, тврдеа дека ДУИ е „криминална партија која што е канцер на општеството“ и која што се бори само за власт и пари, порача од говорница пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
Затоа, сега прашањето е, во експозето на Заев недостига да ни објасни дали утре господинот Артан Груби, Бујар Османи, Фатмир Бесими и сите за кои што не сум рекол јас, туку рекол Зоран Заев дали ќе се борат за власт, за пари? Дали се уште ги смета за корумпирани и како канцер на општеството. Затоа сметам дека граѓаните немаат доверба во оваа власт, рече Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.